Кога го фрлал ѓубрето се шокирал од глетката – Бебенце ползело само околу контејнерот

Граѓаните на Пула се шокирани од објава која се шири на социјалните мрежи во која се наведува дека на овој голем студ покрај канта за ѓубре е оставено бебе замотан само во кебенце. Се тоа наводно го видела млада бремена жена која поради страшен стрес сака да остане анонимна и раскажаа што се случило во вторникот во населбата Стој околу 19:30 часот, пренесува „24 часа“.

 Бебето немаше повеќе од 4 месеци, неговиот плач беше сличен како мачка која завива. Отидов до аптека па слушнав завивање, не обрнував внимние. Па една жена беше пред мене кога изегував и решивме да погледнеме. Во кантата видовме бебе замотано во црвено кебенце и имаше црни панталончиња. Беше оставено, кога го погледнавме бебето престана да плаче. Останав шокирана дека во ова ладно време некој може да остави бебе. Жената мр праша чиво е деетето, одговорив дена не знам. Потоа ми кажа дека ќе го однесе во Брза помош и да не се грижам, иако веднаш сакав да повикам полиција. Таа ми одговори дека таа ќе го згрижи и ќе превземе одговорност. Отиде а јас така занемена заминав дома. Се тоа се случи во само 10 минути раскажа жената која потоа повикала полиција, која и потврди дека нема информации за тоа дека некој однел премрзнато бебе во Брза помош.

Се е чудно…

Цена ноќ не заспав, добив температура, но и понатаму не знам чиво е детето и каде е. Можеби таа жена беше мајка на бебето кои се предомислила и неможела да го остави, не знам. Се ми поминува низ глава.

Наведената приказна предизвика голема вознемиреност кај многу граѓани, па полицијата ги проверува сите работи врзани за случајот.