Монструм извршил напад врз петгодишно девојче

Небојша Б. (20) oд Шабац во Србија е уапсен поради основано сомнение дека  во неговиот дом извршил обљуба врз пет годишно девојче.

Како што пишува српски Блиц, хоророт се  случил во вторникот на 6 јуни, кога девојчето со нејзините родители дошло во домот на куќните пријатели. Целиот случај се збиднал во населбата наречена Летниковец близу Шабац, каде живеат овие две семејства.

Имено, семејствата на девојчето и на педофилот се знаеле од порано и се дружеле. Родителите на девојчето отишле на кафе кај Небојша и неговата баба.

Додека родителите пиеле кафе, Небојша го поканил девојчето и две други деца кои биле дома да гледаат цртани филмови во собата. Тој им пуштил цртани и легнал покрај нив.

Во тоа ова време соседите седеле во дневната соба и никој не се сомневал на она што се случува зад затворени врати. Младиот човек го искористил моментот на невнимание. Децата тивко го гледале цртаниот филм и, тој се приближил на девојчето од позади и ја нападнал. Заплашеното девојче били обљубено. Преплашеното дете почнало да вреска од страв. Детето го молело да запре и викало на помош. Плачот и стравот на детето го слушнал таткото на девојчето.  Тој истрчал кон собата, ја скршил вратата и се стаписал кога видел што се тој прави.

Таткото брзо го тргнало детето од насилникот и го спасил девојчето.  По ова таткото почнал да го тепа педофилот, но набргу стигнала полицијата, која била повикана од другите членови на семејството.

Тие го фатиле педофилот и го однеле во станица.