ЧУДО ВО СРБИЈА! – Авион се сруши, се преврте наопаку, но пилотот остана без гребнатинка

Земјоделскиот авион кој го управувал пилотот Радован Шегрт (65) од Нови Сад се сруши вчера околу 13 часот во Апатина, кај Рибарева за време на прскањето на пченицата. Пилотот за среќа не е повреден, а причина за падот на авионот од типот Дромадер во сопствеништво на Авио клубот од Зренјанин било дефект на моторот.

Според зборовите на пилотот Радован Шегрт, до несреќата дошло пред самиот крај на авио-третманот кој е извршен од Ловачка шума кај Рибарево, пренесува Alo.rs.

Иако бил свртен наопаку, со полесни повреди на рацете и вратот, Шегрт успеал да го напушти леталото за да ја дочека помошта

Пилотот вели дека во текот на својата долгогодишна кариера имал само неколку помали инциденти, и дека е многу среќен што оваа незгода успеал да ја преживее и да улета во шумата за која се верува дека сигурно не би преживеал.

„На самата парцела која ја третиравме, се наоѓа и едно парче од шумата кое е неопходно да се надлета за да се изврши прскањето. Во последниот налет кога тргнав да го подигам леталото, дојде до гасење на моторот. Наместо залет и вртење, успеав авионот да го насоам на соседната оранца, но по избегнувањето на стеблата, и каналот едно од тркалата улета на меко тло, што го предизвика превртувањето“, вели Шегрт и додава дека брзината со која паднал била околу 100 километри на час.