(Видео)Атракција на Перо Антиќ

Тимот на Атланта поведе со 2-0 совладувајки го Бруклин со резултат 96-91. Јастребите со смирена игра максимално го искористија домашниот терен не дозволувајки изненадување на гостите.

Перо Антиќ одигра солидна партија постигнувајки осум поени за 13 минути поминати на паркетот. Македонскиот играч го направи можеби најатрактивниот погег на натпреварот, кога после асистенцијата на Шродер ја заби топката во кошот и ја крена публиката на нозе

Во останатите натпревари Мемфис поведе со 2-0 победувајки го Портланд на домашен терен со 97-82, додека шампионот Сан Антонио успеа да дојде до израмнување од 1-1 по победата на гостувањето кај ЛА Клиперс по продолженија со резултат 107-111

loading...