23-годишен скопјанец најден мртов во хотелска соба

Дваесет и тригодишно момче, со иницијали К.Н. е пронајдено мртво во хотелска соба. Според полицијата, вчера во 19:48 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во хотел на улица „Качанички пат“ има починато лице.

Полицијата извршила увид со кој е откриен идентитетот на момчето. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Scroll to Top