Обвнителството поднесе обвинение против новинарот Зоран Божиновски

Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против новинарот Зоран Божиновски. Обвинителниот акт денеска е испратен до Кривичниот суд во Скопје.
Притоа обвинителството бара да му се продолжи и притворот на Божиновски, кој веќе 3 месеци помина во притворското одделение во Шутка. Тој е обвинет за  три киривични дела шпионажа, злосторничко здружување и уцена.
Божиновски беше дел од групата опфатена во првиот случај на шпионажа во земјава, но поради тоа што не беше во Македонија, по него беше распишана меѓународна потерница, а по неколку месеци Србија го екстрадираше Божиновски во земјава.
Неговиот адвокат Миле Петровски се уште го нема добиено обвинителниот предлог, но вели дека подготвува жалба против продолжување на притворот.

 

loading...