Во кое својство Вељаноски беше на ручек кај поглаварот на МПЦ?

Во кое својство вчера Трајко Вељаноски бил повикан на кај поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан на традиционалниот божиќен ручек со државниот врв?

15942054_979115778887599_14121502_n

– Во кое својство беше таму присутен Вељаноски? Тој во овој момент не е во државниот врв согласно уставната хиерархија, тој е само пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. А ако сакал поглаварот на МПЦ да повика некој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можел да викне и некој друг, не морало баш Вељаноски – вели пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Според собранискиот деловник, Вељаноски е само пратеникот кој ја свикал првата седница, односно претседавач и претседава со седницата на Собранието додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.

И поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски има сличен став.

– Трајко Вељаноски е само пратеник со верификуван мандат и ништо повеќе од тоа. Неговото однесување пак како да е претседател е одраз на самоволието на ВМРО-ДПМНЕ – вели Ивановски.

Мисовски вели и дека премиерот Емил Димитриев треба да си поднесе оставка од пратеничката функција.

Од кабинетот на Вељаноски велат дека Димитриев не поднел оставка и дека тој само технички ја врши премиерската функција додека не биде формирана нова влада.

И од владата со сличен одговор дека „согласно Уставот и законите Димитриев и владата која ја предводи продолжуваат да ги извршуваат своите функции на техничко ниво се до изборот на нова влада“.

извор: Плусинфо

loading...