Жртвите на Томе Аџиев се уште жигосани

Вишиот управен суд поништи пресуди на Комисијата за верификација на факти. Судиите заклучиле дека одлуките на Лустрациска се поништуваат поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба.

Но Томе Аџиев си тера по свое. Сите лице, за кои и Управен и судот во Стразбур заклучија дека не биле кодоши и дека се неправедно жигосани, се уште се на страницата на комисијата и се уште со тоа се нанесува штета на нивниот углед и име.

Вишиот управен суд ги поништи одлуките на Лустрациската комисија за поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски, за писателот Божин Павловски, за поранешниот амбасадор и министер Ѓорѓи Спасов, за новинарите Јадранка Костова и Градимир Јовановиќ, за претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Никола Бабовски.

Европскиот суд за човекови права од Стразбур пак ја поништи лустрацијата на екс претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

Прашање е кој ќе ја плаќа оштетата за овие лица? Томе Аџиев и комисијата се уште се во удобните и добро платени фотељи.

loading...