Хорор во тетовско – Изгореа животни

Во голем пожар што избувнал ноќеска, околу 3 часот по полноќ во тетовското село Бозовце, изгореа три плевни, дел од куќа, три крави и три коњи.

Противпожарна екипа од Тетовo успеалa да го локализира пожарот, спречувајќи проширување на другите објекти.

– Ни јавија за пожарот и со специјални џипови стигнавме за 40 минути. Патот беше прооден. Интервениравме повеќе со противпожарни апарати, затоа што горе е над – 20 степени и водата замрзнува. Успеавме да го локализираме пожарот, изјави Ука Алити командир на противпожарната единица Тетово.

Командирот Алити, апелира граѓаните да внимваат какви и како ги користат грејните тела во овој период од годината. Можеби нивно неправилно користење доведува до пожари, додава тој .

loading...