Почна снимањето на новата серија со Омер и Дефне

„Не оди“ е новата серија што почна да се снима и во која играат Бариш Ардуч и Елцин Сангу. Турските актери со улогите на Омер и Дефне од хит-серијата „Изнајмена љубов“ им станаа особено популарни и омилени на публиката.

 

Турските продуценти свесни за нивната популарност повторно ги ставија како главни протагонисти во нова романтична комедија со наслов „Не оди“. На социјалните мрежи веќе се појавија и првите фотографии од сетот.

Засега е познат само насловот на филмот, како и рекламната фотонајава како најава.

Scroll to Top