Уапсен Милан Лучиќ, партнерот на Северина од аматерскиот порно-филм

Милан Лучиќ, мажот со кој Северина го сними својот аматерски порно-филм, е уапсен во акција на хрватското Биро за сузбивање корупција и организиран криминал. Тој е еден од најбогатите херцеговски бизнисмени и еден од петтемина осомничени за нерегуларни стечајни постапки во земјата.

Јавноста Лучиќ го запозна во 2004 година, но не како успешен бизнисмен туку кога се појави во аматерското порно со Северина. Порното е снимено во 2000 година на неговата јахта, во времето кога Северина беше свршена за Среќко Варгек, а Милан со својата сопруга го очекуваше третото дете.

Scroll to Top