Актерката од серијата „Подобар живот“ се обидела да ја убие цимерката во затвор

Актерката Теодора од Србија, внука на познатиот актер од серијата Подобар живот, пред пресудата за убиството на својата мајка и баба, се обидела да си ја задави цимерката во затворот.

42-годишната Теодора Викторовиќ, внука на Михајло Викторовиќ, осудена е на повеќе од 30. години затвор за убиството на мајка си и баба си во нивниот дом, а сега се обидела да ја задави и цимерката во Централниот затвор во Белград.

Теодора одеднаш од чиста мира тргнала кон цимерката и почнала да ја дави за вратот. Стражарите веднаш дотрчале и спречиле таа да ја убие.

Инаку, единствен кој ја посетува теодора во затворот е нејзиниот сопруг.

Scroll to Top