Александра Пријовиќ откри кога ќе се венча со Филип

Пејачката Александра Пријовиќ, која пред неполн месец се сврши со Филип Живоиновиќ откри дека свадбата ќе биде во јуни.

„Нашите семејства се тука за да ни помогнат, а секоја конечна одлука ќе биде наша. Нивната поддршка многу ми значи. Дури сега почнав да размислувам за тоа, бидејќи се случи некако набрзина. Сепак најважно ми е да биде весело и нашите роднини и пријатели убаво да си поминат. Сакам да биде како бајка, сè да биде добро смислено. Свадбата е закажана за јуни“, рекла Пријовиќ во интервју за „Блиц“.

Таа додала дека со Филип нема да потпишат предбрачен договор.

„Искрено, за тоа не сме разговарале ниту сме помислиле. Ќе има време за такви разговори. Моментално најважно ни е да сме заедно“, додала Александра.

Scroll to Top