Ана Николиќ по разделбата со Раста: „Немојте да бидете толку злобни“

Српската пејачка Ана Николиќ на својот фејсбук-профил објави статус за сите озборувања и шпекулации поврзани со нејзината разделба од Раста.

„Тара има најдобар татко на светот, кого јас го сакав најмногу на свет. Едно семејство се распаѓа… Немојте да бидете толку злобни и сурови. Од мене никогаш нема да слушнете грд збор… не му дозволувам никому грд збор да каже за мојот поранешен сопруг. Ова е мојот најголем пораз во животот и многу ми е тешко. Имајте малку разбирање и почитување кон мене и Стефан, како и кон нашите семејства. Ви благодарам“, напиша пејачката.

Scroll to Top