Ана Николиќ се разведува од Раста

По зачестените кавги и несогласувања, Ана Николиќ реши да стави крај на бракот со познатиот рапер, а тој, пак, го напушти заедничкиот стан.

Проблемите почнале со раѓањето на нивната ќеркичка Тара, од кога пејачката решила да се посвети повеќе на неа и семејниот живот, додека Раста продолжил со своите забави, кои траеле и по неколку дена, и негувањето на имиџот на лошо момче.

И покрај обидите на Ана да му го привлече вниманието кон нив две, тој не ја сфаќал сериозно, а кавгите зачестиле. Сепак, последната кавга била пресудна кога Ана пробала да му објасни дека не може повеќе да живее на тој начин, по што тој го напуштил заедничкиот дом, а таа како одговор на тоа решила да покрене бракоразводна парница.

 

Scroll to Top