АНАСТАСИЈА И ЈАС ЗНАЕМЕ ШТО Е ВИСТИНА – Луна Џогани, за кавгата со ќерката на Цеца

Луна Џогани и Анастасија Ражнатовиќ беа нераздвојни уште од основно школо, па нивното пријателство делуваше нераскинливо, но пред повеќе од година дена, и двете прекинаа секаков контакт.

Луна Џогани, е се популарна како модна блогерка, а преку ноќ стана и влијателна на социјалните мрежи, па се повеќе луѓе не можат да ја препознаат како ќерката на Анабела, туку како Луна, што на нејзе и тоа како и прилега.

Како што откри во интервјуто, Луна планира наскоро да покрена своја модна линија, затоа што ужива во модата, сака да експериментира со стиловите и да ги пласира истите. Во иднина би сакала да има свој бутик, своја облека и свој препознатлив стил, на кој вредно работи за да во идина го подобри.
Printskrin: Telegraf

За односот со Анастасија Ражнатовиќ, со која некогаш беше нераздвојна, а денеска не разговара, Луна не откри премногу.

„Ништо не се промени. Не би коментирала премногу, мислам дека на луѓето веќе сум предосадна, што се однесува до тоа. На луѓето мислам дека повеќе не им е интересно, како, зошто, поради што…

 

Foto: Telegraf

„Немав потреба да демантирам ништо, затоа што таа и јас знаеме што е вистина. Таа и јас го знаеме она што треба да го знаеме, а што другите ќе мисалт и зборуваат навистина е неважно“, изјави Луна.

Погледнете го комплетното интервју со Луна на следниот линк:

 

Scroll to Top