Ацо Пејовиќ останал без својот брат на шест години

Пејачот Ацо Пејовиќ вели дека имал само шест години кога починал брат му како бебе и напоменува дека му пали свеќа секојпат кога ќе оди во црква.

Пејовиќ опиша каков шок доживеало неговото семејство кога се комплицирала мајчината бременост со близнаците.

„Мојата мајка имала близнаци за време на бременоста, која не успеала поради грешката на лекарите на свет да ги донесат двајцата браќа. Знам колку ни беше тешко и затоа не можам да сфатам како некој свесно може да си го убие своето бебе. Особено не ми се јасни оние што тоа го прават дознавајќи дека ќе добијат ќерка. Ќе бидам малку груб, но човек што така се однесува за мене е класичен идиот или болесник. Кога би се прашал, би сакал секој човек да има три деца“, изјавил Ацо.

„Еден брат ми умре, а другиот беше роден со 1.400 грама. Тоа беше шок за сите, но и за мене. Тогаш бев само дете. Минаа многу години, но една слика ми остана врзана во сеќавање“, вели татко му излегувајќи целиот во солзи од болницата. Бев само дете, а тоа многу ме погоди. Да го гледам мојот татко да плаче. Никогаш нема да ги заборавам неговите солзи. Тогаш се прашувам како луѓето што  се одлучуваат на абортус не ја чувствуваат истата болка, како не се прашуваат како би им изгледало детето или кога ќе заплачат поради ваквата одлука.

Пејовиќ вели дека често помислува на својот покеон брат.

„Не се прашувам што би било кога би било, но често го правам она што единствено можам да го направам за него. Да му запалам свеќа кога ќе одам во црква. Е, сега, не знам дали е во ред или не поради тоа што велат дека на оние што не се крстени не треба да им се пали свеќа, но јас тоа го правам. Душата е душа, па дури и додека е плод во мајчината утроба. И треба да се цени секој живот и не треба да си даваме право да го прекинуваме“, вели Пејовиќ.

 

Scroll to Top