Ацо Пејовиќ задоцнил на сопствената свадба

Фолк-пејачот Ацо Пејовиќ неодамна гостуваше во емисијата „Јас тоа така“ каде што откри детали од својот приватен живот. Тој во емисијата одговори на прашањето „која е најлошата работа на почетокот на врската“.

„Тоа што ќе се ожениш по само седум дена врска“, рекол пејачот кој открил дека со сопругата Билјана бил во врска една недела пред да ја побара за жена.

Но, Пејовиќ додал и дека задоцнил на сопствената свадба.

„Сите ме чекаа пред матично, средени, дотерани, а јас доцнев оти имав настап на Златибор, некоја тезга, па не стигнав да се вратам на време“, открил тој.

Ацо и неговата сопруга Билјана се во брак 24 години.

Scroll to Top