Бариш Ардуч не зборува за сексот

Турскиот актер Бариш Ардуч е моментално еден од најпопуларните имиња во Турција, кој зардаи улогата на Омер, стекна слава и надвор од својата земја. Тој покрај серијата „Изнајмена љубов“, сега е актуелен и со филмот „Време за среќа“, каде пак игра со Елчин Сангу. Ја има добиено титулата за најубав и најсексапилен маж во Турција, но во интервјуата за турските медиуми потенцира дека сепак никогаш не би се вообразил зардаи тоа.

„Бев омилен и за време на школувањето, но никогаш од тоа не сакав да имам некаква корист или да се вообразам, како ни сега кога ме прогласија за Маж на годината во Турција. Сексипилноста и сексуалноста се неизоставен дел од секој човек, но јас израснав во средина каде е срамота да се зборува за тоа. Затоа и веројатно, не зборувам отворено на такви теми. Мислам дека не е убаво да се зборува за интимен живот на некого. Интимниот живот е приватна работа на секоја личност. Но, ајде да откријам еден детал кој неодамна го дознав„, вели Бариш. Тој е роден во Турција, но неговите се по потекло од Албанија, па еден период живееле и таму, пред да заминат за Шветска.

Scroll to Top