Боба Живоиновиќ проговори за врската на синот Филип и Александра Пријовиќ

Поранешниот тенисер Боба Живоиновиќ одамна не дава интервјуа, но неодамна проговори отворено за врската на синот Филип и Александра Пријовиќ. Тој има само пофални зборови за девојката на Филип, инаку популарна пејачка. Откри и дека би сакал да има внуче.

„Александра е прекрасна личност и мило ми е што е во врска со Филип. Одлично се согласуваат, а јас со нетрпение чекам внуче. Тоа зависи од нив, но би било убаво да биде в година“, рекол Боба во интервју за „Глорија“.

Тој додал дека тие имаат поддршка од семејството, но и дека за синот би сакал да направи убава домаќинска свадба со сите адети.

„Го замолив Филип да ми каже неколку месеци однапред за да ја подготвиме свадбата како што прилега“, додал сопругот на Лепа Брена.

 

Scroll to Top