Босанец ѝ нуди 20.000 евра на Рада Манојловиќ

Рада Манојловиќ одбила деловна понуда за која сите сонуваат. Познат босански бизнисмен ѝ предложил на пејачката да биде промоторка во ноќен клуб со што би заработувала 20.000 евра месечно.

Рада требало да се појавува двапати неделно во клубот и со своето присуство да привлече повеќе гости (без да пее) и да го рекламира клубот на социјалните мрежи. Сепак, на пејачката не ѝ се допаднала оваа идеја.

– Рада е преокупирана со настапи, не може ниту да се наспие. Постојано патува, што дополнително ја исцрпува. Таа не се жали поради обемот на работата бидејќи нејзе ѝ е во интерес да работи и да заработи, но поради тоа, таа ги одбива сите други понуди што немаат врска со музиката. Така, неодамна преку зеднички пријатели го запозна сопственикот на еден клуб во Сараево. Фолкерката е многу популарна во БиХ откако се дозна за нејзината врска со Харис Берковиќ – вели добро упатен извор.

Scroll to Top