Бранислав Лечиќ: Разводот го нарушува животот

Српскиот актер Бранислав Лечиќ, кого изминавиве месеци го гледаме во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, конечно проговорил за разводот од водителката Нина Радуловиќ. Тие повеќе од една година не се заедно, во брак биле шест години, а актерот избегнувал да зборува на таа тема.

Во интервју за „Блиц“ тој признал дека му е тешко, но дека и понатаму се слушаат често.

„Разводот ти го менува животот, го нарушува. Но, нормално е да се слушаме, имаме дете, а јас сакам да го следам развојот. Можеби звучи чудно, но во добри односи сме“, рекол тој.

Актерот и водителката биле во врска две години пред да се венчаат, а од јавноста се криеле поради големата разлика во години.

„Тешко е, ама сум надминал и други тешки работи во животот“, изјавил Лечиќ.

Scroll to Top