Дара Бубамара не го поднесува Ера Ојданиќ

Српската пејачка Дара Бубамара вчеравечер гостувала во шоуто на Огнен Амиџиќ. Таа морала да одговори на неколку незгодни прашања, меѓу кои и „кого не сака од колегите на естрадата“.

Дара без двоумење рекла дека тоа е Ера Ојданиќ.

„Никого не мразам толку многу за да му плукнам во кафето. Ама, искрено, ме нервира Ера Ојданиќ. Кога ќе го видам него, вадам сипаници. Не можам да ви опишам колку ме иритира човекот. Едноставно, не го поднесувам. Толку е стар, а постојано скока нешто на сцената. Се однесува како тинејџер“, рекла Дара.

Scroll to Top