Дара Бубамара пренесена во болница

Фолк-пејачката Дара Бубамара, поради висока температура, завршила во болница. Таа морала да го откаже концертот во Шведска, па со видеопораката преку „Инстаграм“ им се обратила на фановите и на организаторите на концертот. Таа им се извинила и ги информирала дека нејзината здравствена состојба не е на завидно ниво.

„Здраво на сите! Би сакала да ве поздравам и да ѝ се извинам на мојата публика во Гетеборг. Нема да можам да го одржам концертот поради вирусот и  високата температура што ја имам – 40 степени!“, вели таа.

https://www.instagram.com/p/BeQDA5TAUWR/?taken-by=darabubamara_official

Scroll to Top