Дарко Лазиќ: Ана ме избрка да живеам пред зграда

Бракот на Дарко Лазиќ и Ана Севиќ беше завршен пред два месеца.

Постоше сомнеж дека останале во добри односи, но поранешната двојка сето тоа го демантираше за време на гостувањето во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“, која ја води директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ.

Дарко и Ана биле видно расположени, така што никој не можел да претпостави дека не се повеќе во брак.

Поповиќ во еден момент на Ана ѝ даде задача да му ја отпее песната на Дарко „Мили мој“, а потоа Дарко да ѝ го отпее хитот „Среќа изгубена“. Двајцата последните стихови од песните ги дочекаа држејќи се за рака, нешто што предизвика овации во студиото.

„Сале, ако ти не нè смириш, нема кој“, се пошегува Лазиќ.

Говорејќи за ќеркичката Лорена, пејачката и водителка им соопшти на сите дека таа живее со неа.

„Лорена живее со мене, а Дарко…“, не успеа да доврши Ана, Лазиќ ја дополни. „Дарко е пред зграда!“

На Ана тоа не ѝ се допадна, па рекла дека тоа не е вистина и дека ќерката може да ја види кога ќе посака.

По некое време, во студиото им се придружи и ќеркичката Лорена.

На крајот на гостувањето, Поповиќ побара од Ана и Дарко да се бакнат. Ана тоа го одби бакнувајќи го својот поранешен сопруг само во образ.

„Го сакам и секогаш ќе го сакам. Родители сме на девојче и страшно би било да е поинаку“, изјави Севиќ.

Scroll to Top