Дефне главна ѕвезда на отворањето на кошаркарската Евролига

Вчеравечер во арената Абди Ипекчи во Истанбул се случи отворањето на новата сезона на кошаркарската Евролига. Во првиот натпревар настапија турскиот тим Анадолу Ефес и шпанскиот Реал Мадрид.

Главна ѕвезда на отворањето беше актерката и модел Елчин Сангу, која ја фрли топката за старт на натпреварот. Актерката се појави во едноставна спортска комбинација, соодветна за овој настан.

Со тоа што Елчин доби можност да ја отвори Евролигата покажа дека во моментов е една од најпопуларните актерки во Турција.

Scroll to Top