Џеј Рамадановски чека од Адил извинување затоа што ја претепал ќерка му

Пејачот Џеј Рамадановски вели дека и понатаму не разговара со Адил, кој во декември 2013 година, ја претепал неговата ќерка Ана. Сепак додава дека и понатаму го почитува зетот.

Џеј го обожава внукот Адријан, синот на Адил и Ана и открива дека тој е во центар на неговиот свет.

„Вчера се видовме. Таа и Адил со детето беа на Куба, супер си поминаа. Само да не се караат и да се сакаат. Фала богу, нема никакви проблеми меѓу нив. Убаво се однесува кон мојата Ана сега“, изјави Џеј и напомена дека и понатаму не комуницира со зетот.

„Не зборуваме, но го поддржувам и почитувам. Задоволен сум како пее и го издржува семејството. Слушам од ќерка ми дека тој мене ме почитува. Зошто не разговараме прашајте го него. Постар сум, имам домашно воспирување, без оглед на тоа што осум години бев во дом. Ако некој треба да попушти, моето мислење е дека тоа би требало да биде тој, затоа што е помлад. Секој разумен човек знае правилно дека ако погрешиш, мораш да дојдеш и да кажеш: „Извини јас погрешив“. Како што сите грешиме. Се случило и да не се повтори. Секогаш ќе го пофалам него, и до ден денешен не ми влегува во глава како сето тоа се случи“, вели Рамадановски и додал што треба да направи Адил за да двајцата се смират.

„Па веројатно и логично е да дојде и да каже: „Чекај, Џеј се случи тоа, погрешив“. Мисам дека е нормално да ми се извини што ми ја удри ќерката. Како што би направил јас доколку се најдам во таа ситуација“, вели Џеј.

 

Scroll to Top