Драгана Мирковиќ ја покажа сестра си

Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ честопати истакнува дека не треба да го меша приватниот живот со работата и токму затоа не сака да објавува фотографии или да позира пред новинарите со членовите на семејството. Исклучок од ова нејзино правило е сопругот Тони Вјелиќ, кој често ја следи на јавни настани и промоции.

Затоа српските новинари даваат сè од себе да „чепнат“ во нејзината приватност. Тие пред неколку години на една забава на телевизијата ДМ САТ направија фотографии со нејзините родители.

Но, неодамна во едно телевизиско интервју Драгана ја вклучи и својата сестра Драгица, која живее во Србија. За неа рече дека е нејзина најголема поддршка низ годините и дека не би постигнала успех во кариерата без својата Драгица.

Scroll to Top