Драгана Мирковиќ загрижена за здравјето на сопругот

Фолк-пејачката Драгана Митровиќ зад себе полека го остава стресниот период откако се влоши здравствената состојба на нејзиниот сопруг Тони. Лекарите му откриле затнување на крвните садови по што бил итно опериран. Операцијата била успешна, но тој сега мора да ги смени своите животни навики.

„Ќе мора да внимава многу во следнитре три месеци поради тешката операција. Не смее да биде во просторија со многу луѓе, не смее да е во просторија со гласна музика, не смее да се нервира, не смее да се заморува и мора да внимава на исхраната“, рече пејачката.

Пејачката и нејзиниот сопруг овие денови се постојано заедно,  во опуштената семејна атмосфера уживаат со своите две деца, ќерката Мануела и синот Марко.

Scroll to Top