Другарка на Јелена со потресно сведоштво: „Цело село плачеше кога се мажеше за Зоран”

Зоран еден по еден не елиминираше од животот на Јелена. Полека ја затвараше дома, измислуваше кавги. Имаше голема команда над неа. Толку манипулираше со неа што и беше срам да ни заврти телефон кога и е тешко.

Вака го почнува сведоштвото другарка на убиената пејачка Јелена, и вели дека денот кога таа се мажела за Зоран, цела Борча плачела.

– Откако го запозна почнаа да живеат заедно и се се смени. Престана да се дружи дури и со пријателите од детството. Не смееше ни на улица да не поздрави, ја држеше под контрола, вели другарката за српски Курир.

Додава дека цело село плачело на свадбата зошто знаело што ја чека Јелена, но таа била презаљубена.

 

Scroll to Top