Едита објави фотографија со брат ѝ, кој починал на 21 година

Најболната тема во животот на младата пејачка е поврзана за нејзиниот брат, кој боледувал од Даунов синдром. Едита Арадиновиќ денеска е една од најпознатите пејачки на помладите генерации, со групата „Министерка“ доминира во познатите клубови на Балканот и има талент што го покажува и во учеството во емисијата „Твоето лице звучи познато“, а во јавноста речиси секогаш е насмеана. Но, зад таа насмевка се крие голема тага, и тоа за братот, кој таа и сестра ѝ Индира Арадиновиќ – Инди го изгубиле пред речиси 13 години. Семир, како што се викал нивниот брат, боледувал од Даунов синдром. Едита имала 11 години кога Семир починал, а за него во јавноста не говори премногу. Но, Едита, веројатно понесена од емоциите, одлучила нивната заедничка фотографија да ја сподели со сите, и тоа со порака која е повеќе од емотивна.

„Да не грешам колку што грешам, никогаш не би била ова што сум денеска. Брат и сестра, спомени“, напишала Едита покрај сликата од 2005 година.

„Брат ми беше постар од мене две години (имал 21 кога починал). Не умееше да оди, јаде, ниту знаеше дека постои. Беше како билка. Се грижевме за него најдобро што можевме и го сакавме. Некогаш беше позитивен, некогаш тежок, насилен и брз од незнаење. Бараше внимание наместо да ги препознае мама, тато, дада и мене. Тоа беа најтешките години, но тоа е нешто што е мое. За него бев подготвена да убијам“, раскажала Индира во една пригода.

Scroll to Top