Една работа оставила длабока лузна на бракот на Лепа Брена и Бобан

Најголемата балканска дива Лепа Брена со години е во брак со поранешниот тенисер Бобан Живоиновиќ, а важат за еден од најскладните парови.

Тие заедно приказната ја почнале во 1986. година, траат 30. години и денеска слават годишнина од брак.

Додека биле заедно поминале многу, од смеа, радост, солзи, тага, и секогаш се избориле со се, но само едно нешто им го обележало животот и никогаш не го преболеле, а тоа е киднапирањето на нивниот син.

Кога имаше осум години, синот на Лепа и Бобан, малиот Стефан беше киднапиран и тоа од непознати лица. Околностите никогаш не се разјаснија, но оставија длабока трага.

Лепа Брена до ден денес вели дека тоа и бил најлошиот животен момент и дека оставил длабока лузна.

Scroll to Top