„Егзит“ ја збогати Србија

Фестивалот Егзит, најголем во Југоисточна Европа,  кој веќе 18 години се одржува во Нови Сад , Србија на српската економија ѝ донел повеќе од 150 милиони евра, се вели во резултати на анлиза на ТИМ Центар од Нови Сад.

Оваа година е регистриран рекорд од преку 215 илјади посетители од преку 60 држави, но и профит од 14,4 милиони евра. Константно расте и бројот на туристи вон европскиот континент и оваа година таа цифра е зголемена за една третина односно 6,3 отсто од вкупниот број. Тие најмногу трошат по лице – преку 600 евра. Следат од Западна Европа – 532 евра.

Истражувањето исто така потврдило дека голем број од странците што дошле во Србија за Егзит, оваа можност ја искористиле и за посета на Белград и уште неколку дестинации низ државата во кои се задржале од два до четири дополнителни денови.

Просечната старост на публиката на фестивалот е 25 или 26 години.

Scroll to Top