Емина Јаховиќ покажа дека е вешта и во кујна

Емина Јаховиќ го мина испитот што се однесува до нејзините предиспозиции во кујната. Босанската пејачка објави неколку чоколадни фотографии.

Иако на „Инстаграм“ најчесто објавува фотографии на кои покажува дека живее живот на вистинска ѕвезда, Емина Јаховиќ докажа дека одлично се снаоѓа и во кујната. Таа објави фотографии со чоколаден колач кој самата го подготвила, а сите чекори во подготовката ги објавила во делот story на популарната социјална мрежа.

Од растопувањето на чоколадата до завршните подготовки во рерната, Емина покажа дека е вешта кога треба да ги засука ракавите, а нејзините синови Јавуз и Јаман имаа на што да се радуваат.

Scroll to Top