Фејгељ:Жика силуваше бебе на филм, гревовите се наплаќаат

Несудениот претседател на Србија, Андреј Фејгељ, денес напиша на Твитер статус, со кој упати директни навреди за актерот Жика Тодоровиќ, чии син Дејан пред три дена почина, а вчера беше погребот.

„Еднаш на актерот му умре бебе и медицината немаше објаснување за ова, а тој ист актер силуваше бебе на филмското платно, гревовите се наплаќаат“, напишал Фејгељ на Твитер.

По ова реагираше актерот Сергеј Трифуновиќ, кој напиша:

„Мајмуне болен, да го гледаше тој филм, ќе знаеше дека тој ист актер кој остана без син, згрозен замина од сцената„

Навредиите на политичарот предизвикаа бура реакции на социјалните мрежи.

Scroll to Top