(Фото) Брена се однесува како тинејџерка

Фолк-ѕвездата Лепа Брена, која секогаш внимава на имиџот и однесувањето во јавноста, овој пат ги изненади своите обожаватели со фотографија на која се однесува како тинејџерка. Фотографијата на која таа и момчето ги исплазиле јазиците е направена на нејзиното неодамнешно гостување во Бугарија, а момчето покрај неа е познат бугарски фризер.

Брена очигледно задоволна од третманот што го добила, под фотографијата напишала: „Едноставно, најдобар“. Задоволни се и нејзините обожаватели, кои оставиле многубројни коментари, меѓу кои дека Брена потсетува на Софија Лорен.

Scroll to Top