(Фото) Чолиќ ги шармираше стјуардесите на летот од Прага до Белград

Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ утринава со лет од Прага се врати во Белград . Читателите на „Репортер“ ни испратија фотографија направена на аеродромот и ни раскажаа каков бил Здравко во текот на летот.

„Воопшто не се разликуваше од останатите патници, ниту пак чекаше во ВИП делот како што преферираат повеќето јавни личности. Всушност, одвај го препознавме додека чекаше спроти нас за да се чекира на летот. Ни во текот на самиот лет немаше посебни барања од стјуардесите, но ги шармираше со својата насмевка. Ми остави впечаток на многу едноставен, скромен човек и во ниеден момент не се постави како ѕвезда“, рече за „Репортер“ читателот што сакаше да остане анонимен.

(А.Ј)

 

Scroll to Top