(Фото) Саша Матиќ ги симна очилата

Фолк-пејачите Саша и Дејан Матиќ во јавноста секогаш ги носат своите очила за сонце. Но, во медиумите во Србија се појавија фотографии од една постара телевизиска емисија на кои Саша Матиќ е без очила.

Браќата Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави бебиња. Родени се прерано, па  биле сместени во инкубатор во породилиштето во Загреб. По само неколку дена во болница бебињата ослепеле.

Медиумите во Србија и во регионот на браќата пејачи често им поставувале прашања поврзани со нивната животна приказна. Еден ТВ водител дури и го прашал Саша дали е вистина дека поради неговиот брат Дејан не сака да ги оперира очите, иако знае дека по операцијата ќе прогледа.  На ова пејачот рекол дека нема одговор. Гледач, пак, што се јавил во емисија, ги прашал зошто носат часовници ако не гледаат колку е часот. На ова Саша Матиќ му го кажал точното време на гледачот, допирајќи го часовникот.

 

Scroll to Top