(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја љуби Јелена

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ отсекогаш го криел приватниот живот, а со девојките ретко се појавувал во јавноста. Овојпат врската со Јелена Маркулиќ ја откри самата таа, откако постави заедничка фотка на „Инстаграм“. 26-годишната манекенка и актерот се заедно околу три месеци, а се запознале преку заеднички пријатели во белградски клуб. Тие најчесто излегуваат на места каде што не може да ги фотографираат папараците и кај што не го привлекуваат вниманието на околината.

 

„Љубовта меѓу нив се случи спонтатно. Не сакаат да се експонираат во јавноста. Сергеј ја запозна Јелена со својот брат, Бане, што покажува дека нивната врска е сериозна“, рекол за српски „Блиц“ близок пријател на актерот.

Јелена е студент, а со моделинг се занимава само кога има време за тоа и не прифаќа ангажмани по секоја цена. Според истиот извор, токму тоа му се допаднало на Сергеј, кој сака интелектуалки со смисол за хумор.

Scroll to Top