(ФОТО) Шабан, Дејан и Илда приредија спектакл пред 17.000 луѓе

Ова е мојот прв концерт по пораѓањето, и драго ми е што се одржува во ваква величествена атмосфера – изјави Илда на настапот во Уба.

Шабан Шаулиќ, Дејан Петровиќ и Илда Шаулиќ приредија спектакл на плоштадот Убу, во Убу, кој беше тесен да ги прими сите оние кои во петокот вечерта дојда да го проследат спектакуларниот концерт кој заедно го одржаа Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ и Дејан Петровиќ од „Биг Бенд“.

Преку 17.000 луѓе зачекориа низ приодните патишта од централниот дел на градот, за да можат да го проследат и одбележат овогодинешната манифестација „Убските летни вечери“.

И покрај тропските горештини, кои овие денови владеат, луѓето патуваа и по педесет километри за да уживаат во единствениот музички спектакл. На сцената најпрво излезе сопственикот на титулата Прва труба на светот, кој со својот Биг бенд, уште во првиот такт, ја доведе атмосферата до загревање.

Се редеа хитови, а потоа настапи и Дејан со многу емоции и сплет на народни песни, кои ги посвети на Цуне Гојковиќ.

 

После Дејан, на сцената излезе и Илда, која ги разгали сите присутни со своите, но и најголемиот дел од хитовите на фолк пејачот.

„Ова е мој прв концерт по пораѓањето, и драго ми е што се одржава во вака величествена атмосфера“, изјави Илда и го најави кралот на фолкот кој беше дочекан со овации. Шабан во текот на речиси еден час, ги разгали сите присутни, а неговиот настап беше завршен со фантастичен огномет.

Scroll to Top