(Галерија) Лепа Брена го покажа домот

Фолк-пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ им дозволија на новинарите од „Блиц плус“ да влезат во нивниот дом и да го фотографираат луксузот во којшто живеат. Брена и Боба имаат голема куќа во Бежаниска коса, една од најелитните населби во Белград.

Фотографите на „Блиц плус“ имаа пристап само до одредени делови од куќата на Брена – дневната соба, кујната, трпезаријата, но не и до спалните соби.

Во интервјуто Брена рекла дека со Боба заедно го уредувале домот во кој живеат, но дека нејзиниот сопруг е тој што најчесто се грижи за кујната, купувањето храна и за готвењето.

Scroll to Top