Гордан Кичиќ од „Сенки над Балканот“: Бев подготвен за улогата на татко

Српскиот актер Гордан Кичиќ, кој во јавноста е познат по секси сцените што ги направи во „Сенки над Балканот“, не говори премногу за своето семејство.

Тој повеќе од 10 години е во брак со Зорана, со која има две ќерки. Интересно е што за нивната врска се дознало дури по венчавката, која, се разбира, била направена тајно.

Еве како изгледа убавата Зорана:

Тој истакнал дека тој и сопругата живеат како обични луѓе и дека немаат домашни помошнички.

„Не ми е тешко да отидам до продавница или до пазар. Сопругата и јас сами работиме затоа што немаме послуга“, вели Гордан.

„Кога ќе станете родители на сцена стапува целосно поинаква фаза во животот. Бев подготвен на тоа. Тоа е новиот поредок, новиот живот за кој сте одговорни, многу чудна и преубава работа неспоредлива со другите. Како што минува времето така ќе ја сфатите убавината на родителството“, вели Кичиќ.

Гордан Кичиќ има играно во голем број улоги, но онаа во серијата „Сенки над Балканот“ го покажа актерот во сосема поинакво светло.

Улогата на Алимија Мириќ, опасен и безобѕирен тип, го направи славен, а жените со нетрпение ги чекаат неговите нови секси сцени.

 

 

 

 

Scroll to Top