Хурем султан ужива во мајчинството

Наспроти професионалниот успех што го постигна со улогата на Хурем во познатата турска историска серија „Величествениот“, судбината на актерката Мерјем Узерли (34) ѝ донесе бродолом во приватниот живот.

Денес таа е среќна мајка на ќеркичката Лара. Нејзината ќерка, која Мерјем сама ја расте, деновиве наполни 4 години, па актерката ѝ подготви вистинска роденденска забва.

Хурем-султан ги полнеше страниците не турските медиуми кога во екот на најголемата популарност се повлече од глумата и јавниот живот напуштајќи ја дури и Турција.

За време на снимањето на „Величествениот“, таа започна љубовна врска со 17 години постариот бизнисмен Џан Атеш од кого и остана бремена. Оттогаш сѐ ѝ тргна на лошо.

Како татко на две возрасни деца, тој не сакал Мерјем да го задржи бебето, па ја принудувал да абортира сметајќи дека тоа ќе им ја уништи врската. Набргу и ја напуштил, по што глумицата останала сама.

Таа западнала во тешка депресија, па се вратила на лекување во родната Германија, каде што и ја родила својата ќерка. Денес таа е среќна мајка и ужива во мајчинството.

 

Scroll to Top