Исповед на Бранислава: Аца Лукас е клошар, ме остави без динар, како и поранешниот сопруг!

Бранислава Пашајлија и Аца Лукас  во врска беа не цел месец, по што и двајцата изјавиоја дека романсата била голема грешка.

Меѓутоа, иако сите мислеа дека нема да разменат тешки зборови, Бранислава сега го прокоментирала Лукас на начин кој пејачот сигурно нема да и прости.

– Ме издржува сегашното момче затоа што Лукас и сопругот ме оставија без динар во моментот додека се сераспаѓање. Ниту еден не ми испрати облека, а за пари да не зборувам! Но, не е важно… Јас блескам, иако ме оставија во проблеми, и сопругот и Лукас, вели Братислава, која по Лукас го спомна и сопругот Жељко, со кои има син.

– Познато е дека со поранешниот маж сум во катастрофални односи, поднесена е тужба за развод на бракот затоа што тој одбива да го згрижи детето и го нема видено откако се случи тоа со Лукас!Инаку, тој и пред мене доби вонбрачно дете кое го нема видено седум години, воопшто не се грижи за него, тврди Бранислава.

И додека не сака да зборува за Жељко Шашиќ, за Аца лукас и тоа како сака.

– Не сум во контакт со Лукас, дури и ми сврте грб иако знаеше дека и сопругот ми го направи тоа… Дека останав без динар и без ништо, место за живот. И тој и Жељко се најобични клошари, а јас и покрај се останав силна и некршлива! додава Бранислава.

Scroll to Top