Јелена Розга заплака по летото

Хрватската поп-пејачка Јелена Розга е уште една од оние луѓе што не сакаат да го прифатат заминувањето на летото. Поради времето, кое од ден на ден станува постудено, поради дождот што паѓа повремено и дебелите џемпери кои стануваат дел од секојдневната гардероба, таа реши да објави фотографија во костим за капење и да го замоли летото да остане.

Под провокативната фотографија 40-годишната Розга напиша: „Лето, не заминувај!“ Иако не може да го спречи да си замине, обожавателите се пресреќни што таа со нив сподели дел од својата приватност.

 

Scroll to Top