Карлеуша готви грав, меси гибаница

Во едно скорешно интервју српската фолк-ѕвезда Јелена Карлеуша рекла дека е одлична домаќинка и дека честопати на своите деца им подготвува гибаница, но и дека им вари и грав. Таа додала дека нејзиниот живот дома не се разликува од оној на другите мајки.

Во интервјуто Карлеуша раскажала и дека подготвува нов албум, ама дека тоа оди бавно оти сака да ги избере најквалитетните.

„Издавам песна по песна бидејќи никако не можам да соберам добри песни. По Азис и Аца Лукас, сакам да снимам дует и со Жељко Јоксимовиќ. Планирам до летово да издадам нова песна“, рекла таа.

Scroll to Top