Карлеуша ја нарече Северина кучка

Јелена Карлеуша ја продолжува вербалната војна со Северина. Минатиот викенд Карлеуша беше член на жирито на шоуто „Твоето лице звучи познато“, па кога Леон го заврши својот настап, таа му се обрати со зборовите:

„Ова е твој фазон. Јас следам што работиш. Северина е кучка и тоа не е твој фазон. Ова е твој стил. Хип-хопот е твој стил, продолжи тоа да го работиш.“

Леон пред почетокот на шоуто ТЛЗП сними дует со Северина, а Карлеуша очигледно следи што работи нејзината ривалка. Кавгата меѓу двете пејачки започна пред неколку години кога Северина изјави дека не знае која е Јелена и дека не планира поради неа да брза на тонската проба. Карлеуша ни тогаш не ѝ остана должна, па рече: „Сите видовме како глуми Северина“.

Scroll to Top