Карлеуша ја поддржа српската репрезентација, особено Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша се огласи на „Твитер“ по повод вчерашниот одлучувачки натпревар меѓу Србија и Грузија.

Во Србија вчера сѐ беше во знакот на фудбалот, па по тој повод и Јелена Карлеуша јавно се огласи на социјалните мрежи за да ги поддржи српските фудбалери за време на одлучувачкиот натпревар со Грузија и пласман на Светското првенство.

Јелена на „Твитер“ во само две реченици напиша сѐ што е потребно, а особено го поддржа својот сопруг Душко Тошиќ, кој синоќа играше за репрезентацијата на Србија.

Да потсетиме, Душко Тошиќ е член на фудбалската репрезентација на Србија од 2006 година.

Scroll to Top