Карлеуша се маскира во жена мачка, со потпетици вредни 1.500 евра

Српската пејачка Јелена Карлеуша имаше специјален костим за својот настап за Ноќта на вештерките во еден клуб во Виена.Пејачката избрала свој костим за Ноќта на вештерките и слободно може да констатираме дека бил неверојатно сексапилен. Овој пат Карлеуша се облекла во жена мачка. Секси жена мачка.

Нејзиниот костим бил од кожа, а вниманието го привлекувале нејзините огромни гради покрај кои тешко можело да се види нешто друго.

Карлеуша во вакво издание пеела и на забавата по повод Ноќта на вештерките во еден клуб во Виена.

Освен костимот, Карлеуша носела и скапоцени чевли од модниот бренд „Ив Сен Лорен“, чија цена достигнува и до 1.500 евра.

Ви се допаѓа ли костимот на Јелена Карлеуша?

 

Scroll to Top