Карлеуша се сликаше гола под луксузната елка

Пејачката Јелена Карлеуша на својот фејсбук-профил објави неколку видеа од китењето на новогодишната елка. Таа најпрво се пожали дека поради работните обврски, таа, Душко и децата оваа година елката ја китат многу доцна. Неколку часа подоцна Карлеуша објави уште едно видео, овој пат од украсената елка и напиша „Еве ја“.

Нејзините фанови ѝ оставија бројни коментари велејќи дека изгледа прекрасно, па и не е важно што е накитена само неколку дена пред нова година.

На крајот Јелена се сликаше гола покрај елката, а сликата ја објави на социјалните мрежи. Коментарите, овој пат се поделени – некои ја пофалија, други ѝ напишаа дека претерала.

Scroll to Top